Карлос Алкараз е едно од најголемите имиња во светот на тенисот.
Иако има само 21 година и постигнува неверојатен успех, тој е многу скромен и води едноставен и прилично таинствен живот.
„Кога ќе се вратам дома заборавам дека сум професионален тенисер. Доаѓам како сосема нормално момче. Пари? Моите родители се справуваат со тоа. Ако треба да си купам опрема за голф, тоа е сосема нормално. Но, сè уште се борам со нив да ми дозволат да купам автомобил“, изјави Алкараз во едно интервју кога порача дека повеќе милува да го го викаат Карлитос или Чарли.
Во друга прилика призна дека дека немал партнерка цели 18 месеци, бидејќи не можел да ги балансира деловните обврски со приватниот живот и дека поради густиот распоред на играња најчесто му се случуваат раскинувања.
Сепак, многу се пишуваше и зборуваше за неговата врска со тенисерката Марија Гонзалес Хименез, која наводно била негова најголема поддршка. Таа живее во градот Мурсија од каде што е и Алкараз, па многумина беа изненадени кога ја прекинаа врската во 2021 година.
Подоцна Карлос беше поврзуван со различни дами, за кои тој не коментираше. Лани, повеќе шпански медиуми објавија дека негова нова љубов е 21-годишната Лола Мирандел, француска тенисерка на која многумина ѝ предвидуваат блескава кариера.
Иако Алкараз своевремено изјави дека не е за кратки врски, очигледно не успеал ниту со оваа убавица.
„Ако имав девојка и таа ме замоли да се натпреваруваме во мешани двојки, ќе требаше да проценам многу работи за да донесам одлука. Ако се’ е во ред, зошто да не“, изјави тој неодамна.