fbpx

Почина Шенон Доерти: Славната Бренда се бореше како лавица до последен здив

На 53-годишна возраст почина Шенон Доерти, поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“.

Актерката ја загуби битката со ракот, а тажната вест за „Пипл“ ја потврдија нејзините најблиски.

„Со тешко срце ве информираме дека почина актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13-ти јули, ја загуби битката со ракот по долги години борба“, потврди нејзината долгогодишна колешка Лесли Слоун.

„Таа беше посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка. Беше опкружена со своите најблиски, како и со нејзиното куче. Семејството моли за приватност во овие тешки мигови“, изјави таа.

Легендарната Бренда пред една година дозна декаканцерот ѝ се проширил на мозокот. Со своите следбеници редовно споделуваше моменти од храбрата битка.

И покрај сите премрежја, славната Бренда продолжи да се бори како лавица која се однесуваше како ништо да не се случува.

„Не сакам да се однесувам како да умирам. Сакам да работам и да се однесувам како ништо да не се случува бидејќи ќе се борам да останам жива”, изјави Шенон во едно нејзино интервју.

Следни Објави

Издржа без девојка 18 месеци, по посета на психолог се смува со три години постара

Карлос Алкараз е едно од најголемите имиња во светот на тенисот. Иако има само 21 година и постигнува неверојатен успех, тој е многу скромен и води едноставен и прилично таинствен живот. „Кога ќе се вратам дома заборавам дека сум професионален тенисер. Доаѓам како сосема нормално момче. Пари? Моите родители се […]