Нема ни грам сало, изгледа како модел
Евгенија Марковска, речиси двојно помладата сопруга на докажаниот македонски инфектолог Вело Марковски, сподели интересни фотографии на својот инстаграм-профил.
На истите, поранешната манекенка и мисица позира во бикини со еден интересен детаљ на себе-природна маска за лице.
Марковска во една прилика ги откри своите ритуали за убавина. Шминка не користи секој ден, но и не легнува пред да нанесе ноќна крема и серум за лице. Откри и дека секогаш користи црвен или кармин во темно розева боја.
„Козметички салони посетувам многу ретко. Најголемиот дел од работите поврзани со нега ги правам сама дома, на тој начин се релаксирам и покрај обврските во текот на денот знам дека сум направила нешто и за себе“, раскажа таа за „Женски магазин“.