Доцна вечерва, со тешки повреди на главата, е пронајден познатиот македонски бизнисмен Чедомир Радомировиќ, јавија повеќе домашни медиуми.
Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка“ бил пронајден покрај неговиот автомобил кај скопското село Орман.
Според првичните неофицијални информации, Радомировиќ бил пронајден со раскрвавена глава, а до него имало пиштол и чаура. Тешко повреден бил пренесен на скопските клиники, но на пат дотаму им подлегнал на повредите.
Детали за трагедијата се очекуваат за утре. Ќе се истражува дали станува збор за убиство или за самоубиство.