Лила Филиповска сподели емотивна објава на својот инстаграм-профил. Веста за смртта на Шенон Доерти, ѕвездата од хит-серијата „Беверли Хилс“, многу ја погоди, па македонската водителка и инфлунесерка ѝ посвети трогателен статус.
„Ракот на дојка однесе уште една жртва. Славна, богата и омилена. Моја врсничка. Шенон Доерти не успеа во оваа битка, за жал. Само потсетување, редовните прегледи се најважни и не оставајте ништо за утре. Избегнувајте стресови зошто ништо не е поважно од мирот и вашето здравје“, напиша таа.
По најголемата животна победа, Лила Филиповска често зборува за борбата со канцерот, но и за процесот на лекување, како што вели со цел да им помогне и на другите жени кои се соочуваат со истата состојба.
Таа минатата година одлучи јавно да одговори на сите сензитивни прашања кои ѝ ги поставија на социјалните мрежи. Како се посомневала во болеста и дали претходно практикувала редовни прегледи? Зошто се одлучи за операција во Турција, а не овде кај нас? Во кој стадиум ѝ го откриле ракот и дали за време на хемотерапиите била на посебен режим на исхрана? Одговорите ги имате ТУКА!
Фото: Инстаграм