fbpx

Маж ѝ ја остави да умре во најголеми маки: Додека Бренда се распаѓаше, тој ја изневеруваше

Холивудската ѕвезда Шенон Доерти почина вчера по долга борба со ракот. Актерката се прослави во сериите „Беверли Хилс“ и „Шарм“, кои беа многу популарни кај нас.

Дури и во четвртиот стадиум на ракот, таа имала големи проблеми со поранешниот сопруг. Јавно го обвини дека не добива пари од него за лекување, но и дека не може да се разведе повеќе од една година.

Откако ѝ била дијагностицирана болеста, Доерти не можела да работи, па нејзините месечни примања се намалувале. Кога поднела барање за развод, таа како причина ги навела „непремостливите разлики“, но им стави до знаење на медиумите дека помошничката на нејзиниот сопруг „има нешто“ со разводот.

„Разводот е последното нешто што го сакаше Шенон. За жал, таа почувствува дека нема други опции. Можете да ја контактирате асистентката на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вклучена”, изјави портпаролката на Шенон за USA Today.

„Тој лета со нашиот авион, се одмара во нашата куќа во Тексас.. За тоа време ќе го изгубам здравственото осигурување бидејќи долго време не работам“, изјави актерката.

Во 2015 година таа успеа да го победи ракот на дојка. Но, во февруари 2020 година, тој ѝ се врати. Шенон почна да се помирува со фактот дека има рак во четврта фаза и направи некои бизарни работи, како што се изборот на облека и музика за нејзиниот погреб, но нагласи дека најтешко ѝ е како нејзината дијагноза влијае на нејзиниот сопруг и на мајка ѝ, кои тешко се помируваат со тоа.

Меѓутоа, поддршката од сопругот ја изгуби во најтешкиот момент, кога ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот. Таа во својот подкаст откри дека за неверството дознала уште утрото кога требало да направи операција на мозокот.

„Отидов на операција рано наутро, откако дознав дека мојот брак всушност е завршен, дека мојот сопруг има љубовница цели две години“, изјави тогаш Шенон.

Следни Објави

„Ни требаат 2.000 евра за седум дена во Грција“: Овие жени го налутија народот

Овој период од годината топ-тема на социјалните мрежи очекувано се цените во познатите грчки летувалишта кои важат за омилени на македонските граѓани. Една туристичка агенција одлучи да праша случајни минувачи на улица колку пари им се потребни за едно просечно седумдневно летување во Грција, па доби навистина интересни и неочекувани […]