fbpx

Пораснаа ќерките на Ѓоко Танески: Пејачот конечно проговори за Анастасија и Михаела

На 20-ти јули во родниот Охрид, Ѓоко Танески со целовечерен концерт ќе го одбележи јубилејот-30 години музичка кариера.

Настанот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“. Пејачот на сцена ќе биде придружуван од Камерниот оркестар од Битола, а како специјални гости се најавени Драган Мијалковски и Николче Мицевски. 

Танески низ годините остави многу хитови, не’ претставуваше и на евровизискиот избор, секогаш е расположен за интервјуа, но ретко зборува за семејството.

Тој е сопруг и татко, а сега за порталот „Женски магазин“ конечно проговори за своите наследнички.

„Двете ќерки се многу музикални и убаво пејат. Помладата Михаела, која има 12, свири клавир и планира да се запише во средно музичко училиште. Постарата  Анастасија е четири години постара. Таа сака да студира стоматологија“, открива Танески.

Следни Објави

Ја прашаа Сузана дали пак би снимила видео за возрасни: Нејзиниот одговор ги изненади сите

Сузана Манчиќ неодамна проговори дали повторно би се снимила додека води љубов. Таа доби провокативно прашање од водителот и даде одговор кој ги изненади сите. На поранешната лото-девојка ѝ беше потребно малку време да се соземе и да реплицира со насмевка. „Не! Доста беше!“, рече таа. Следуваше потпрашање дали можеби […]