fbpx

Колегите во шок, ненадејно почина славниот диџеј: Сè се случи наеднаш, се огласи семејството

На 49-годишна возраст почина Томас Брукнер (49), познатиот германски диџеј од Минхен најпознат како копродуцент на електро-хаус хитот „Loneliness“.

Песната беше на врвот на светските топ-листи, а Брукнер беше познат под псевдонимот Томкрафт.

Тажната вест ја потврди семејството на Томас на неговиот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“. Музичарот и продуцент починал вчера, а причината за смртта засега не е позната.

„Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15.07.2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се сретнеме“, напишаа неговите најблиски.

Пред само три дена, Брукнер сподели објава со детали за неговиот сет на фестивалот Steinbruch Open Air.

Неговите колеги се во шок. Со објава на „Фејсбук“ се огласи неговиот близок пријател, диџеј Вестбам.

„Разговарав со него пред три дена и рече дека се опоравува од грип, но се чинеше добро. Том имаше нова фантастична музика и со нетрпение очекуваше да ја сподели со сите нас. Ова е навистина потресно, почивај во мир брату“, напиша тој.

Следни Објави

Почнаа вербално да ме напаѓаат и докторот и сестрите: Александра доживеала шок на хирургија

Со многу љубов кон вистината и правдата ќе ви споделам едно непријатно искуство што го имав во хирургија-Охрид, (15.07.2024/ 00:30h) нормално, со цел за нештата да се придвижат кон подобро. Вака ќе почнам. За да бидеш доктор мора да имаш нешто љубов, нешто срце и нешто душа. Не си доктор […]