Што мислите вие за советот на баба Мира? Би го примениле ли?
Мирјана Петровиќ од Лозница има 98 години и е неверојатно витална.
Оваа супербабичка сега ја сподели и својата тајна за долговечност.
На социјалната мрежа „Тик Ток“ се појави симпатично видео од баба Мира во кое таа открива како „добуткала“ до овде и на сите им го подари својот рецепт за долг живот.
„Секое утро станувам во шест, ако треба и во пет.. Додека ги хранам кокошките, ставам кафе и чашка ракија. Па, пак кафе, па пак ракија и се’ така во круг..“, вели баба Мира.
Снимката ги воодушеви граѓаните, па следеа бројни коментари.
„Душо моја, колку облагородуваш. Жива и здрава да си“, напиша една корисничка.
„Тоа се оние жени кои порано беа вистинско богатство“, напиша друга.