Видео објавено на „Тик Ток“ на кое се гледа како жена апла го фаќа сопругот дека ја изневерува предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Сопругата, инаку бремена во деветти месец, се шокирала кога заминала на плажа и таму го видела маж ѝ со љубовницата како си разменуваат нежности на распосланите пешкири. Одлучила се’ да сними и видеото без воопшто да се двоуми да го објави јавно.
На снимката се гледа како таа почнува да се расправа, додека сопругот и извесната госпоѓа се целосно опуштени. Љубовницата на крајот дури и се насмевнува.
„Јас сум неговата сопруга која е бремена во деветтиот месец. Која си ти по ѓаволите?“, прашува жената.
Ниту сопругот, ниту љубовницата не одговараат ништо.
„Јас сум бремена во деветтиот месец. Терминот ми е за две недели“, упорно повторува изневерената жена.
Во тој момент, љубовницата се насмевнува, но сè уште лежи на крпата.
Неколку моменти подоцна сопругот конечно ја прекинува тишината, го зема пешкирот и вели: „Ние сме разведени“.
„Не сме разведени!“, вреска жената.
„За што зборуваш? Денеска беше кај мене“, продолжува да му вика и повторно се врти кон љубовницата.
„Што направи со него? Што направи со него?“, прашува таа.
@kellysophiaava he took my dog with him too🤬😤 #cheater #cheaterfound #exposed #cheatinghusband #fbi #fyp #foryou #foryoupage #fyppppppppppppppppppppppp #investigation #nj #newjersey ♬ Work Iggy azalea – Emoji story🤷♀️🤷♀️
Жената што ја објави снимката на своите следбеници одлучи да им објасни и што се случило потоа.
„Мојот поранешен ми се заканува и се обидува да ми ги симне видеата, тврдејќи дека сум му го дал името, адресата и телефонскиот број. Сето тоа е лага. Никој повеќе нема да ми се заканува и заплашува. Нема да молчам“, напиша револтираната сопруга.
„Планирам да раскажам се’, но чекам прво да разговарам со мојот адвокат, за да се уверам дека ништо не правам незаконски. Тоа потенцијално може да му наштети на мојот случај. Не одговара на мејлови и повици за време на викендите. Ве молам оставете ги сите прашања што ги имате и јас ќе се потрудам да одговорам на нив“, напиша измамената жена.
Многумина ѝ забележаа дека можеби згрешила што се однесувала така на плажа, бидејќи подоцна напишала дека, сепак, се работи за нејзиниот поранешен сопруг.