fbpx

Сузана Гавазова најискрено за бракот: Вмешана е Блага Петреска

Сузана Гавазова неодамна прослави една деценија брак со Јасмин Курузовиќ, човекот со кој ги има ќерките Емили и Селена.

Познатата македонска пејачка која со својот животен избраник прво живееше во Шведска, пред шест години се врати во Македонија.

Во поткастот на телевизија Сител таа проговори за нивниот однос, но откри и еден важен совет кој ѝ го дала нашата легендарна интерпретаторка Блага Петреска.

„Многупати сум добивала совети од мојата драга колешка Блага Петреска. Ми рече еднаш: ‘Сузана, немој да гледаш некој да е многу убав, гледај да биде добар човек и секогаш да ти кажува само убави работи’. Многу е важно и кога ќе се скара човек кога е во брак, да не се навредува, бидејќи тоа длабоко се врежува во психата на партнерот“, вели Гавазова.

Јамин ја запроси веднаш откако почнаа да се забавуваат. Раскажа дека тој е Босанец кој 20 години живеел во Шведска, имал пекара и градежна фирма, но бил Балканец во душа и секогаш планирал еден ден да се врати на Балканот.

Таа на водителот му откри и дека подготвува нова песна, како што кажа, нешто модерно и поразлично од она што досега го снимила.

Следни Објави

Ѓоко Танески искрено за родената сестра со која беа разделени 40 години

По три децении музичка кариера, поранешниот наш евровизиски претставник Ѓоко Танески на 20 јули ќе одржи целовечерен концерт во Античкиот театар во Охрид. Пејачот Драган Мијалковски, продуцентот Никола Мицевски и Битолскиот камерен оркестар ќе бидат гости на шоуто. Во интервју за „Слободен печат“, освен за почетоците во музиката во интернатот во Кавадарци, за […]