Сите го сакаат топлото време, ама топлото време го сакаат и инсектите кои многу често знаат да ни го нарушат уживањето на омилената тераса или во дворот.
Можеби не сте знаеле, но постојат природни начини како да се ослободите од нив. Во продолжение ви откривате три супер препарати кои можете сами да ги приготвите, а се смрт за комарците, мувите и за бубашвабите.
ЗАМКА ЗА КОМАРЦИ
5 лажици шеќер
1 чаша вода
1 лажица квасец
1 пластично шише од 2 л
Во тенџере измешајте една чаша вода и пет лажици шеќер и растворете ја смесата на тивок оган. Додадете една лажица квасец, па исклучете го шпоретот. Исечете го горниот дел од пластичното шише од два литри и свртете го наопаку. Во истото истурете ја смесата од шеќер и квасец. Запечатете го горниот дел со лента и покријте го шишето со картон или крпа. Ставете ја стапицата на места каде што се собираат комарци.
СПРЕЈ ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ И КАРАНФИЛЧЕ
15 ловорови листови
20 каранфилчиња
1 чаша вода
Во тенџере измешајте една чаша вода, 15 ловорови листови и 20 каранфилчиња. Гответе 10 минути за да го ослободите мирисот. Префрлете ја смесата во сад за прскање. Користете го овој спреј во области каде што се појавуваат лебарки, муви и комарци.
СПРЕЈ ЗА МУВИ
1/2 чаша шампон
1/2 чаша бел оцет
1/2 чаша растително масло
Измешајте 1/2 чаша шампон, 1/2 чаша бел оцет и 1/2 чаша растително масло во сад и префрлете ја смесата во шише со распрскувач. Нанесете го овој спреј на места каде што вообичаено се собираат инсектите, како што се бубашвабите, мувите и комарците..

