fbpx

Ѓоко Танески искрено за родената сестра со која беа разделени 40 години

По три децении музичка кариера, поранешниот наш евровизиски претставник Ѓоко Танески на 20 јули ќе одржи целовечерен концерт во Античкиот театар во Охрид.

Пејачот Драган Мијалковски, продуцентот Никола Мицевски и Битолскиот камерен оркестар ќе бидат гости на шоуто.

Во интервју за „Слободен печат“, освен за почетоците во музиката во интернатот во Кавадарци, за бракот и за децата и за родниот Охрид, Танески зборува и за својата родена сестра која ја запозна дури кога наполни 40 години.

Пораснаа ќерките на Ѓоко Танески: Пејачот конечно проговори за Анастасија и Михаела

„Да, по неколку години трагање по мојата сестра, ја најдов и ние сме во одлични односи, се слушаме многу често, тие доаѓаат кај нас, ние кај нив, таа живее во Богданци. И внуците исто така доаѓаат често, едното внуче работи во Охрид, па често се гледаме. Многу сум среќен поради тоа, но и тажен истовремено, затоа што 40 години поминавме одделени. Но, како и да е, сега се имаме еден со друг и сум пресреќен“, раскажува пејачот за „Слободен печат“.

Следни Објави

Иако сум од Струга, никогаш не сум сакал да одам на плажа: Славчо каков што не го знаете

Двапати во денот излегува на чист воздух покрај кејот на Црн Дрим. Пешачи и се релаксира. Недела му е ден да се види со одреден круг на пријатели, да се напијат кафе и секако да поразговара со нив. Вели и дека обожува да уредува по домот и со задоволство ѝ […]