fbpx

Момче ми го спаси животот: Неочекувана објава на Ирена Спасовска

Ирена Спасовска максимално ужива во летото, а тоа го потврди и со новиот серијал фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.

Популарната фолк-пејачка под сликите напиша интересен статус кој ги насмеа нејзините следбеници.

„На денешен ден, пред три години, едно момче ми го спаси животот. Си најде друга“, се пошегува Спасовска.

По бурната разделба со познатиот новинар и водител Орце Гелевски и меѓусебното препукување во медиумите, пејачката сега е многу попретпазлива кога е во прашање нејзиниот приватен живот.

Пред неколку години една нејзина фотографија од Катар исклучително го привлече вниманието на јавноста, откако со извесен шеик се сликаше на коктел. Тогаш раскажа дека ја прошетал низ неговиот трговски центар, а некои портали напишаа дека дури и ја побарал за жена.

„Види и денес ме бара, ама ние Македонките сме тешки жени“, порача Ирена во едно интервју.

Следни Објави

По еден час нема да видите ни мува, ни комарец: Згответе им ја последната вечера

Сите го сакаат летото, ама летото го сакаат и инсектите кои многу често знаат да ни го нарушат уживањето на омилената тераса или во дворот. Можеби не сте знаеле, но постојат природни начини како да се ослободите од нив. Во продолжение ви откривате три супер препарати кои можете сами да […]