Се ожени познатиот македонски каратист и фитнес инструктор Симон Антиќ.
Момчето кое со години важеше за еден од најзгодните Македонци со илјадници следбеници на „Инстаграм“ го кажа судбоносното „ДА“.
Тој самиот се пофали дека повеќе не е сингл, а сите ја коментираат неговата избраничка која е вистинска убавица.
Антиќ веќе две децении професионално се натпреварува во карате и има освоено многу титули на меѓународни првенства.
Последните години работи како фитнес инструктор и е еден од најангажираните.
Во едно свое излагање раскажа дека е свесен за перцепцијата на машката убавина со појавувањето на социјалните мрежи и дека разголувањето на „Инстаграм“ не му е проблем, се разбира тоа да биде направено со вкус.
Во продолжение и дел од свадбената фотосесија.