Двапати во денот излегува на чист воздух покрај кејот на Црн Дрим. Пешачи и се релаксира.
Недела му е ден да се види со одреден круг на пријатели, да се напијат кафе и секако да поразговара со нив. Вели и дека обожува да уредува по домот и со задоволство ѝ помага на мајка си.
Славниот македонски метео-прогнозер Славчо Попоски проговори за своите ритуали и како си го исполнува времето кога не е пред компјутер и не подготвува анализи за времето.
„Иако сум баш од Струга, воопшто и никогаш не сум сакал да одам на плажа или ете на Дрим за да се капам. Исто така, и покрај тоа што сум од рибарска фамилија, ловењето на риби никогаш не сум го обожувал. Од мојата рибарска фамилија, само јас сум метео-прогнозер“, открива тој за „Женски магазин“.
Тој за истиот портал накратко се осврнува и какво време може да очекуваме во август и во септември.
„Во овие два месеци продолжува топлото летно време, особено август кога повторно се можни поголеми топлотни бранови со многу високи температури. Овие месеци ќе растат и условите за почести врнежи, како и за нови временски непогоди. Сепак, се работи за долгорочна анализа кој трпи промени, затоа граѓаните ги советувам да ги следат секојдневните краткорочни анализи“, порачува Попоски.