fbpx

Баба откри трик како саламата да ви трае подолго: Сè што ви треба е една ситница

Многу практична работа, коментираат домаќинките

Бабите имаат решение за се’ и ова е факт кој никој не може да го оспори. Разбирливо, пораснале во време кога имало помалку можности и кога луѓето живееле во потешки и скромни услови, па биле принудувани од ништо да прават нешто, да работат и да се снаоѓаат.

Времињата се менуваат, но тие задржале некои стари навики кои понекогаш и тоа како знаат да ја фасцинираат помладата генерација.

Девојка, која се претставува како Ива Костов, на својот профил на „Тик Ток“ сподели трик од баба си кој собра бројни лајкови и позитивни реакции од корисниците на оваа социјална мрежа.

Во видеото нејзината баба демонстрира како со користење на две едноставни спојувалки може да се „затвори“ веќе отвореното пакување со сецкана салама и на тој начин да му се продолжи векот на омилениот сувомеснат производ.

@iva_kostov

Na koga sam perfekcionista…🫀

♬ Jovano, Jovanke – Vlatko Stefanovski & Miroslav Tadic

„Одлична идеја“, „Браво“, „Многу паметно“, „Многу добра идеја, сега ќе го сторам истото“ се само дел од коментарите под снимката.

Следни Објави

Македонската пејачка ќе стане мајка: Радосната вест ја сподели на оригинален начин

Познатата македонска пејачка и спортистка Леана Таки ќе стане мајка. Радосната вест самата ја сподели на својот инстаграм-профил објавувајќи интересен видеозапис. Во видеото кое го нарече „Труднички дневник“ таа сподели повеќе снимки и фотографии со кои на оригинален начин го доловила текот на бременоста. View this post on Instagram A […]