fbpx

Нина пред 5 дена стана мајка: Поранешната македонска министерка конечно се огласи

Поранешната македонска министерка Нина Ангеловска стана мајка.

Радосната вест самата ја објави на социјалните мрежи споделувајќи серија фотографии на кои се гледа и новиот член на семејството, синот Стефан.

„Пристигна нашата радост.. Емоции кои не знаев дека постојат. Нема соодветен збор да се опише чувството на прво запознавање, допир, бакнеж.. Превозбудени за најголемата и најважната животна улога на која максимално ќе ѝ се посветиме со сите убавини, радости и предизвици кои ги носи. Сега сме тројца“, напиша таа на „Инстаграм“.

Ангеловска во 2019 година стана првата жена министерка за финансии кај нас. Претходно, ја знаевме како основач на Grouper.mk и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Пред да заплива во политичките води се најде на листата на „Форбс“ со триесет најдобри претприемачи на ниво на Европа.

Блиските ја опишуваат како голем поборник на спортскиот живот и во минатото често трчаше маратони.

Нејзиниот избраник, д-р Виктор Станков, е уролог од Универзитетска Клиника за урологија-Скопје.

Следни Објави

Не веруваат во тоа што го гледаат: Водителката снимена под маса, можно ли е ова да го носи

Една фотографија со Оливера Чоловиќ предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Нејзин колега одлучи да ни ја долови познатата водителка на телевизија Пинк во едно неочекувано издание додека се подготвува за снимањето на информативната програма. „Вистинска госпоѓа“, пишува во описот на објавата која ја сподели тој. „Ние ја гледаме дотерана […]