Филип Пецовски ја запроси својата девојка на гламурозен начин.
Македонскиот пејач кој се прослави во регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ објави серија фотографии од интимниот чин.
Објавата за кратко време доби речиси 3.000 лајкови на „Инстаграм“.
Јавноста малку знае за приватноста на младиот пејач кој неколку години живееше во Лондон каде што работеше како фитнес тренер.
Подоцна одлучи да им се посвети на студиите, па се запиша на една од приватните академии за графички дизајн, дигитален маркетинг и акаунт менаџмент.