fbpx

Владо Јаневски: Иако живеам на самата граница, не одам во Грција

Веќе трета година живее во Гевгелија и единствена врска со Чаир му е берберот кој е таму и го пострижува еднаш месечно.

Владо Јаневски доаѓа во Скопје само кога има концерти, снимања, интервјуа или други работни обврски и, како што вели, дури и тогаш најчесто не останува подолго одошто мора.

„Си го сакам Скопје, ама и во Гевгелија ми е убаво. Не познавам многу луѓе, најчесто сум сам и сум или дома или во „Фламинго“ кој ми е како втор дом. Таму сите ме третираат како да сум нивни отсекогаш, и тоа многу ми значи. Иако живеам на самата граница, не одам во Грција. Живеам мирно и спокојно“, раскажува легендарниот македонски пејач и автор за „Женски магазин“.

Во деновите кога не работи, а се пофали дека такви се околу 300 во годината, секојдневијата му се најчесто исти-тренинг во теретаната, еден-два филмови, добра книга, ја истражува околината на Гевгелија, а навечер малку клавир и гласовни вежби..

Продаде сè што имаше: Прва исповед на Владо Јаневски за големата животна одлука

„Уживам во таквото бавно животно темпо, иако некому може изгледа досадно. Ама јас сум среќен“, вели Јаневски.

Следни Објави

Со оваа намирница Јапонците живеат 100 години: Македонците мислат дека е штетна

Стогодишници од Јапонија открија каква храна редовно јадат и што всушност ги прави долговечни. Ако мислевте дека е риба, сте се излажале. Станува збор за храна која многумина ја сметаат за штетна, но се покажа токму дека спротивно. Самите Јапонци открија дека тајната на нивната долговечност лежи токму во месото. […]