Секој ден ја гледаме на Сител, а сега конечно го покажа партнерот: „Она што е добро, не се менува“

Таа е едно од имилените телевизиски лица, поранешен модел и убавица со титули. Цели 18 години е дел од тимот на утринската програма „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител, жена со преопознатлив стил и јавна личност која многу претпазливо зборува за приватниот живот.

Кога лани ја прашаа во едно интервју за љубовниот статус, Јована Стојменовиќ одговори дека ѝ е непроменето добар. „А, она што е добро, не се менува“, се пошегува тогаш таа.

Водителката сега одлучи конечно да го покаже саканиот и доби над илјада лајкови на социјалните мрежи. Оние што ја следат веднаш ѝ испорачаа компименти, а водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска која е и нејзина блиска пријателка кратко прокоментара: „Љубовчиња мои“.

„Она што искрено го почитувам е одлуката на еден пар да живее онака како што ним им одговара. Сите имаме некоја своја визија за партнерство и таа не треба да се темели на она што ќе го каже некој од страна, туку на она што човек го чувствува. Гаранции нема за ништо. А она што е сигурно е дека човекот има исконска потреба да сака и да биде сакан. И да, постои вечна љубов. Кој може да ви забрани да сакате некого засекогаш?“, изјави Стојменовиќ неодамна.

Следни Објави

Почина Петар Ѕалев

По кусо боледување денеска во Скопје почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија. Ѕалев, e роден во Битола во 1959 година. Дипломирал новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а сиот работен век го поминува во Јавниот радиотелевизиски сервис. Во неговиот богат […]