fbpx

Во лето ни се таложи вода во нозете и мевот: Со овие минерали ќе издишете како балон

Живеете брзо? Не се храните редовно и консумирате нездрави оброци? Имате отечени нозе и зглобови, вишок килограми и поспаност? Ова се само дел од симптомите кои укажуваат дека мора веднаш да се ослободите од вишокот вода во нозете и во стомакот.

Како да ја исфрлите водата од нозете?

Пред сè, треба да се напомене дека тешката храна-многу зачинета, мрсна и сува-создава здравствени проблеми кои подоцна се рефлектираат на одредени делови од телото. Во тој поглед, вишокот вода што се „собира“ во нозете е еден дел од тие проблеми, а нередовната физичка активност уште повеќе ја зголемува сериозноста на почетниот проблем. Како да ја исфрлите водата од стапалата е прашање кое многумина ги мачи, а одговорите се различни.

Различни чаеви, како зелениот чај, чајот од магдонос, чајот од глуварче можат да помогнат во исфрлањето на водата од нозете, но и секојдневната физичка активност од половина час е многу корисна. Исто така, регулирањето на исхраната многу помага во исфрлањето на водата, што значи дека нездравите масти, кои доаѓаат од преработената индустриска храна, треба да се сведат на минимум.

Процесот на исфрлање на водата од стомакот може да се направи и по природен пат. Разните чаеви, редовната исхрана и физичката активност се најдобри за исфрлање на водата од стомакот.

Така, физичката активност, исфрлањето на преработената храна од менито, консумирањето храна богата со калиум и магнезиум, ограничениот внес на јаглени хидрати и многу течности ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот вода во стомакот.

Магнезиумот е електролит кој помага да се регулира балансот на течности во телото. Зелениот лиснат зеленчук, авокадото, бадемите и гравот се одлични извори на овој минерал.

Како да ја исфрлите водата од стомакот?

За да го намалите нивото на натриум и да го зголемите нивото на калиум, најдобро е тоа да го правите преку вашата исхрана. Изберете овошје и зеленчук богати со калиум – зелка, кељ, зелена салата, спанаќ, магдонос и овошје – банани, кајсии, портокали, сливи.

Исто така, претерано солената храна ја задржува водата во организмот, па затоа треба да ја намалите количината на сол при подготовката на храната. Со конзумирање на природни диуретици, како кафето, на пример, водата се исфрла од телото.

Покрај горенаведените намирници, предлагаме да ги користите и следниве природни чаеви: чај од глуварче, црн и зелен чај.

Следни Објави

Секој ден ја гледаме на Сител, а сега конечно го покажа партнерот: „Она што е добро, не се менува“

Таа е едно од имилените телевизиски лица, поранешен модел и убавица со титули. Цели 18 години е дел од тимот на утринската програма „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител, жена со преопознатлив стил и јавна личност која многу претпазливо зборува за приватниот живот. Кога лани ја прашаа во едно интервју […]