fbpx

„Ќе продолжам да ти пеам, а ти ќе ме слушаш од таму горе“: Анета од „Молика“ скршена од болка

Анета Љумаковска сподели тажна објава на социјалните мрежи.

Популарната македонска пејачка денеска се прости од својот татко кој почина ненадејно во Битола.

“Уживаше секогаш кога ти пеев. Јас ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите. Секогаш беше моја гордост. Почивај во мир тато”, напиша таа на „Инстаграм“.

Тажната вест ја потврди и мајката на Анета, Лилјана Љумаковска.

„Зошто ме остави? Како јас ќе живеам без тебе? Денес ме напушти мојот животен сопатник со кој поминавме 47 години заедно во добро и во лошо”, напиша таа на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Следни Објави

Почина Анета Ѓошевска

Се известуваат сите роднини, пријатели и колеги дека вчера попладне почина новинарката Анета Ѓошевска. Родена е во Скопје, во 1978 година. Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј. Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата […]