fbpx

Погреб, наместо роденден: Македонската пејачка скршена од тага

Анета Љумаковска, сега веќе поранешната пејачка на познатата македонска група „Молика“, денеска наполни 40 години.

Наместо да слави за својот јубилеј, таа е скршена од болка, по ненадејната смрт на нејзиниот татко кој ненадејно почина вчера.

“Уживаше секогаш кога ти пеев. Јас ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите. Секогаш беше моја гордост. Почивај во мир тато”, напиша таа на „Инстаграм“.

Во меѓувреме се огласи и нејзината мајка Лилјана Љумаковска.

„Зошто ме остави? Како јас ќе живеам без тебе? Денес ме напушти мојот животен сопатник со кој поминавме 47 години заедно во добро и во лошо”, напиша таа на социјалнкте мрежи.

Следни Објави

Утре го славиме големиот Господов гласник: Еве што треба да направите

Утре е Свети Архангел Гаврил, празник во народот познат и како летен Арханѓел. За овој ден се врзуваат многубројни обичаи. На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа. Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како […]