Се известуваат сите роднини, пријатели и колеги дека вчера попладне почина новинарката Анета Ѓошевска.
Родена е во Скопје, во 1978 година. Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј.
Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата на Вечер во културната и забавната редакција, а неколку години работеше и за странска компанија.
Ќе остане запаметена меѓу најблиските, кај колегите и пријателите по вродената харизма за шега, ведриот и колегијален дух и професионалноста.