fbpx

Не ви се свиѓа Олимпијадата? Офелија има нешто да ви каже

Немојте да заборавите дека, додека си седите и си коментирате Олимпијада ‘ми се свиѓа не ми се свиѓа’, како да сте направиле нешто (по)добро, живеете во земја во која:

Од кафаните во туристичките центри само во една инспекција беа фрлени 9 тони расипана храна.

Дека од вести со часови се пренесува во живо гасење на пожари со детално објаснување, се разбира пожарот е во позадина некаде, а и тие што гасат речиси со голи раце.

Од петте најбогати луѓе во Македонија двајца се трговци од оние маркети каде што храната мириса на прашок за перење зашто на исто место се чуваат

Дека нови политичари парадираат налицкани и манипулираат дека одеднаш нема пари за ништо освен за нивните плати што уредно ќе си ги земат на први во месецот.

Дека од каршија Србија има 113 спортисти на Олимпијада

Дека градоначалничката што велеше дека ќе има бесплатен превоз, го укина скроз. Таму ќе седи 4 години и ќе го има тоа во биографија. Дека седела и се расправала. Тоа ќе го нема

Дека од одбележување 61 година од земјотрес имаше само положување цевеќе

Дека креативноста е умрена

Дека Скопје се пече како под вршник зашто дрворедите се десеткувани

Дека не испрскаа регуларно против комарци па ги има во роеви

Дека Вардар е фекална вода.

Дека од забава има кафанска забава

Дека во Париз врне лие и во такви услови се свири пее игра плови. Да е еден дожд на дивите метални тераси во. Струга, струја луѓето ќе ги убие.

Дека кејот е пустош.

Знаете за она ‘очи широко затворени’.

    Дали да редам уште…
    Таа Олимпијада што ја гледате се спрема 4 години во неа се вклучени 20 000 луѓе, многу работеа волонтерски вклучително познати дизајнери кои изработија 1 000 костими а за овие две недели сите француски познати готвачи ќе работат бесплатно за да ги нахранат спортистите…
    Знаете вие некој наш познат готвач?

    Дали да редам уште…

    Фејсбук-статус на Офелија Димковска

    * Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

    Следни Објави

    Се огласи малиот Никола за лошиот резултат, објасни што точно се случило

    Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска настапи на ЛОИ во Париз. Шеснаесетгодишниот спортист во квалификациите на 400 метри слободно заврши последен со резултат 4:05,38 минути. Ова е далеку полош резултат од неговиот личен рекорд на оваа патека, а кој изнесува 4:02,61 минути. „Пред трката имав трема, а и моите години го […]