fbpx

Мери: Комарците ме правеа решето, а сега бегаат како ѓавол од крст само од оваа смеса

Една жена на Тик Ток сподели совет како да се ослободите засекогаш од комарците ова лето.

Мери, која живее во Јужна Флорида, случајно наишла на овој „рецепт“ читајќи коментари на социјалните мрежи, па одлучила и самата да го испроба.

„Го купив секој комерцијален производ за да се спасам од комарците кои ме правеа решето. Очигледно имам слатка крв. Ништо не ми помогна, а овде на југот на Флорида ситуацијата со овие досадни инсекти е многу лоша, особено во овој период од годината“, вели таа.

Открила дека клучната состојка која конечно ѝ помогнала да се одвратат комарците е ванилата.

Мери тврди дека го пронашла совршениот лек против комарци, мешајќи чист екстракт од ванила со вода. На крај само наросила малку цимет за мирис.

„Сè измешав и го испрскав насекаде. Не само што мирисам на кекси, туку ова функционира! Девојко, те сакам“, ѝ порача Мери на жената на чиј профил го видела овој рецепт.

Мери сега носи вода со ванила и цимет со себе во шише со спреј и конечно е раат.

Следни Објави

Победете ги мувите еднаш засекогаш: Вака ќе ги избркате од куќата и од дворот

Мувите не само што се досадни, туку можат да носат и бактерии, што може да биде сериозен проблем за хигиената во вашиот дом. Ако се чини дека овие мали инсекти се постојано присутни, еве неколку ефективни совети како да се ослободите од нив еднаш засекогаш. Со појавата на високи температури […]