За сите оние кои сакаат лубеници, најважно е како да ја најдат најдобрата, да не биде презреана, но да не биде ниту зелена.
Постојат многу начини како да се одбере вистинската, а некои од нив се исклучително популарни, како оној да држите две лубеници со слична големина во рацете и да ја изберете потешката.
Друг начин е да барате површински траги од каснувања од животни на кората. Теоријата е дека животните никогаш не грешат при изборот на слатко овошје. Луѓето кои ја избираат лубеницата на овој начин велат дека речиси никогаш не се излажале.
На социјалните мрежи се појави уште една теорија која ја открил производител на лубеници. Тој вели дека треба да обрнете внимание на темнозелените линии кои треба да се оддалечени два прста една од друга.
„Оваа нова опција е навистина едноставна и се чини дека е точна. Проверете го и споделете ги вашите впечатоци“, порачува тој.