fbpx

Денеска е Огнена Марија: Еве што не треба да правите на овој посебен ден

Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот Света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Овој празник се смета за многу почитуван, особено меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле.

Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од ставопочитување кон овој празник.

Света маченица Марина е по потекло од Антиохија, се крстила во 12 година и рано останала без мајка, а татко ѝ, кога дознал дека е христијанка ја истерал од дома.

На пат од Антиохија таа го сретнала епархот Олимврија кој тргнал да ги гони христијаните. Бидејќи го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да ја изложат на најлоши маки.

Огнена Марија некои православни семејства ја одбележуваат како света слава. Моштите на оваа светилица почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонд над Охридското Езеро.

Следни Објави

Работам еден час неделно, а заработувам безобразно добро: Еве како успеав

Откако ја напуштила работата и почнала да се занимава со фотографирање на венчавки, Џема Кутчнер конечно ги дочекала своите пет минути. Сега парите ѝ пристигнуваат на сметка и додека спие. Во подкастот Earn Your Happy, таа отворено проговори за тоа како Pinterest е одличен за раст на бизнисот, ако знаете […]