Ништо не чини, а и тоа како врши работа
Ако вие или вашите најблиски страдате од чешање и црвенило по каснување од комарец, постои едноставно решение кое делува брзо и е речиси бесплатно. Нутриционистот и фитнес тренер Лива Џенсен неодамна сподели ефикасен трик кој може да ви помогне веднаш по каснувањето.
Таа на Инстаграм објави видео во кое покажува како го користи овој едноставен метод на својата ќерка која неодамна ја касна комарец, оставајќи видливи траги и силно чешање.
„Дали знаевте дека можете да користите кора од банана за да го ублажите чешањето од каснување од комарец? Кора од банана содржи природни масла кои помагаат на местото на убод. Само истријте со внатрешноста на кората и чешањето постепено ќе исчезне“, објаснува Џенсен.
Видеото, верувале или не, е прегледано повеќе од 45 милиони пати, а многумина во коментарите потврдија дека овој метод навистина функционира. Дополнителна придобивка е тоа што повеќето луѓе речиси секогаш имаат банани дома.