Не стивнуваат реакциите во јавноста откако на социјалните мрежи се прошири веста за исчезнувањето на младата Клара.
Според објавата на „Фејсбук“, девојката со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165 cm, тежина 56 kg, а очите се кафено-зелени.
Сега со детали се огласи и Министерството за внатрешни работи.
„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.