Една жена одлучи јавно да проговори за својот интернационален брак и за сите предизвици со кои се соочила. За жал, нејзината љубовна идила траела само една година
Алена е Русинка која работела како туристички водич во Турција. Во Аланија го запознала својот иден сопруг, кој бил сопственик на кафуле во ова популарно турско одморалиште. Откако се вериле останала да живее таму, а само една година откако се заколнале на вечна љубов таа се вратила во куќата на нејзината мајка.
„Мојот сопруг, Турчин, ми забрани да работам по венчавката. Се обиде да ми објасни дека тој како маж треба да се грижи за своето семејство, а јас да останам дома, да чистам и да готвам. Секој ден ми беше ист. Се враќаше дома од работа, ќе седнеше на каучот да гледа телевизија, а јас морав да трчам околу него-да носам чиста облека, да ја однесам валканата, да донесам храна која секоја вечера мораше да биде свежо подготвена, бидејќи така ја подготвувала неговата мајка.. Кога му ја сервирав супата што сум ја зготвила претходниот ден, изби скандал“, раскажува Алена за рускиот портал „Dzen.ru“.
Како што објаснува, нејзиниот сопруг очекувал таа да седи дома, да не работи и да не оди никаде без него. Таа морала да бара дозвола за сè. Се чувствувала како да е во затвор. Едно утро сфатила дека не може да живее таков живот.
„За да одам во продавница, пазар, салон за убавина, морав да побарам дозвола од мојот сопруг. Ми забрани да се среќавам со моите пријатели. Бев затворена во четири ѕида“, ја продолжува таа својата исповед.
Нејзиниот сопруг се мешал и во тоа што таа ќе облече. Не смеела да носи здолништа над колена, а шминката ѝ била забранета.