fbpx

Го роди на 17, па го остави во дом: Еве како изгледа синот на познатата пејачка од „Гранд“

Околината ја осудувала нејзината одлука да го остави синот во дом за незгрижени деца. И нејзините родители биле срам за селото од кое доаѓаат. Поради ова, пејачката била особено лута, бидејќи сметала дека тие не се виновни за ништо

Оние што со години ја следат нејзината кариера, знаат дека Ана Бекута станала мајка кога имала само 17 години, кога не била доволно зрела самостојно да носи одлуки, па морала да се соочи со голема семејна драма. Сепак, на крајот мајчинската љубов победила.

Токму нејзиниот син ѝ бил најголемата мотивација да почне професионално да се занимава со пеење и да го земе животот во свои раце, пишува „Глоси“.

„По сите страшни внатрешни удари, го сместивме Игор во дом. Голем дел од моето срце тогаш се откорна и таа рана никогаш нема да зарасне. Ме сметаа за глупава затоа што „тоа“ не сум го убила на време, не сум го сокрила и оставила во некоја далечна болница. Секој викенд патував за да го прегрнам моето чедо. Таа агонија траеше неколку месеци, кога гласот на срцето и на разумот таа птица ја врати во гнездото“, изјави пејачката пред неколку години.

Наследникот Игор и внуците денес ѝ се голема поддршка и мотивација, па секое слободно време го поминуваат заедно.

Следни Објави

Македонската победничка во „Ѕвездите на Гранд“ каква што не сте ја виделе

Жешки слики на „Инстаграм“ Славица Ангелова, македонската пејачка која победи во регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, конечно замина на заслужен одмор. Taa објави фотографии на кои е во костими за капење и истите веднаш предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи. Славица студира медицина, а во слободното време сака да […]