fbpx

Угина слоницата во скопска Зоолошка: Имало обид за тајно да се изнесе (ВИДЕО) 

Угинала слоницата во скопската Зоолошка, дознава „Скопје1“.

Според нивни информации, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се сокрие. Утрово, околу осум часот започнала и акцијата за нејзино „тивко“ изнесување.

На снимките кои ги објави порталот се гледа како со два багери и камион слоницата се изнесува од зоолошката градина. Откако била натоварена во камион, врз неа била фрлана земја. Претходно била замотана во најлони кои искинале при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.

Веќе има жестоки реакции на социјалните мрежи. Ние ви го споделуваме статусот на познатата македонска инфлуенсерка Ина Многуфина.

„Починала слоницата од Зоолошка. Пред неколку месеци жирафите. Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Зоолошката наша не можам ни да ја споредам со зоолошките во други земји. На друго место е забавно и едукативно да одиш во Зоо, кај нас само што ќе влезеш ти иде еден жал за животните помешан со смрдеа. Условите во кои живеат се бедни, најхумано би било да ја затвориме ако имаме малку емпатија за животните. Има таму луѓе што работат кои стварно се посветени на животните но џабе е таа посветеност и љубов кога на менаџерски позиции ставаат луѓе на кои ни кокошка не би им дале да ни ја причуваат. Па тајно ја ваделе слоницата и ја фрлиле во Дрисла. Тајно, демек никој нема да примети дека ја нема. Кај е слоницата? Ааа отиде во Африка кај братучетка и на свадба… све е тоа од наши пари, јавноста мора да знае што праите со парите во Зоо и за шо зимате плата. За криење мртов слон ви треба магија, а не да фрлите земја и со камион да ја однесете во Дрисла. Ојле дојле седнува на директорско место само за плата па после ништо не функционира. Некој треба да одговара за тоа што ни ја претстави Данче ко менаџер на универзумот“.

Следни Објави

Го роди на 17, па го остави во дом: Еве како изгледа синот на познатата пејачка од „Гранд“

Околината ја осудувала нејзината одлука да го остави синот во дом за незгрижени деца. И нејзините родители биле срам за селото од кое доаѓаат. Поради ова, пејачката била особено лута, бидејќи сметала дека тие не се виновни за ништо Оние што со години ја следат нејзината кариера, знаат дека Ана […]