fbpx

Денес се слави летна Света Петка: Чуда се случуваат, едно нешто не смеете да правите

На 8 август се празнува Света Петка-Летна. Неа ѝ е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост.

Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка..

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Порано жените верувале дека на тој ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.

Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, која што чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

Следни Објави

Убедлив пораз на Владимир Егоров на Олимписките игри во Париз

Неуспешен прв настап на олимпискиот турнир Владимир Егоров неуспешно дебитираше на Олимписките игри во Париз. Македонскиот претставник во борење во првото коло во категоријата до 57 килограми се сретна со Аман Сехреват од Индија и загуби убедливо, со 0-10. Егоров лошо влезе во борбата и му дозволи на Индиецот Аман […]