Голем триумф денеска во осминафиналето на олимпискиот турнир во Париз. Во категоријата до 57 килограми македонската таеквондистка Милјана Рељиќ ја совлада двократната олимписка шампиона Џејд Џонс од Велика Британија.
Џонс пред борбата важеше за голем фаворит, но Рељиќ покажа зошто е голема надеж на македонскиот спорт.
Таа уште на почетокот покажа голема борба и цврстина и ја доби првата рунда со 7:6.
Во втората, Рељиќ беше блиску повторно да биде подобра, но Џонс некако успеа со крајни маки да слави со 5:4.
И во решавачката рунда беше рамноправна борба, резултатот беше 1:1, на крајот конечни 2:1 за нашата олимпијка.
Следна противничка на Рељиќ во четвртфиналето ќе биде Лаетитиа Аун од Либан која со 4:2 и 3:2 ја совлада Ло Чиа-линг од Кинески Тајпеј.