Летиција Ајуд од Либан ја победи нашата Милјана Рељиќ во четвртфиналното таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз.
Македонката попладнево забележа голема победа над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија и се пласира помеѓу осумте најдобри.
И покрај поразот, Македонија и Рељиќ се’ уште имаа шанса за медал, доколку Либанката Летисија Ајун ја победеше и следната борба против Иранката Нахид Кијаничанде и се пласираше во финалето. Тоа не се случи и нашата спортистка остана без репесаж, односно борба за бронзен медал.