Неуспешен прв настап на олимпискиот турнир
Владимир Егоров неуспешно дебитираше на Олимписките игри во Париз.
Македонскиот претставник во борење во првото коло во категоријата до 57 килограми се сретна со Аман Сехреват од Индија и загуби убедливо, со 0-10.
Егоров лошо влезе во борбата и му дозволи на Индиецот Аман Сехреват да поведе со 0-6. Потоа Аман освои уште четири поени и победи со 0-10.