Марија Тодоровска, македонската пејачка која публиката ја препознава под уметничкото име Марија Луиса, неодамна гостуваше во летниот поткаст на Стефан Лазаров.
Луиса која е вистинска ѕвезда во македонските кафеани и која често се фали на социјалните мрежи за бакшижот што го добива сега проговори за недвижностите кои ги поседува.
Едниот од водителите ја прашува дали е точно дека поседува цела зграда, таа потврдно му одговара. Потоа на прашањето за каков имот конкретно станува збор таа објаснува: „Три ката со шест стана, секој по 100-120 квадрати“.
Во истиот поткаст Марија раскажува дека пее од 2012 година и дека чесно заработува. Да ги вложи парите на ваков начин ја советувал брат ѝ.
„Јас не зборувам за некакви елитни станови. Неколку се вселени, неколку не се. Сега сакам уште два, еден во Солун кој ќе биде за мене, а не за издавање и еден во Солун“, раскажува пејачката.
„Жртвувам неколку години од мојот живот за моето дете да нема потреба да се жртвува“, вели на крајот Луиса.