Леана Таки стана мајка.
Познатата македонска пејачка и спортистка самата ја сподели радосната вест на својот инстаграм-профил.
One week of baby Vido and feeling everything, напиша таа под фотографиите.
„Добредојде Видо. Едвај чекам да се запознаеме“, ѝ искоментира дизајнерката Ирина Тошева.
Леа Таки, поранешната членка на музичкиот состав „Ај Кју“, е ќерка на легендарниот пејач и музичар од „Лева патика“, Гранит Таки.
Во едно интервју призна дека музиката е нејзина најголема љубов, но во меѓувреме максимално му се посвети на триатлонот.