fbpx

Имала само 15 години кога го запознала: Македонската пејачка го откри рецептот за успешен брак

Пејачката Ленче Кукиќ го запознала својот сопруг Горан кога имала само 15 години, а нивната љубов и понатаму е силна како првиот ден.

Поранешната победничка на „Никогаш не е доцна“ неодамна за „Гранд“ отворено проговори за својот приватен живот и го откри рецептот за успешен брак.

„Првите години се малку чудни, додека не се навикнеш. Откако ќе го избалансирате сето тоа, потоа заеднички се радувате и уживате. Првите години се мачни, но потоа балансираш, карактер, го запознаваш, тој те запознава тебе, и тоа е тоа“, изјави македонската пејачка.

Ленче и Горан веќе две децении заедно настапуваат со бендот „Јупитер“. Во музичкиот свет веќе сигурно чекори и нивниот син Иван, кој последниве години редовно настапува со нашиот легендарен музичар Влатко Стефановски, а во меѓувреме објави и свои соло-проекти.

Следни Објави

„Те сакам до месечината“: Најследената Македонка со неочекувана објава

Агнеса Органџиева е Македонка која пред неколку години ѝ стана интересна на јавноста откако нејзиниот маж Роберт Орданоски, инаку поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации, почна јавно да ја напаѓа дека е жена од интерес. Таа успеа да „профитира“ од целото внимание кое тогаш ѝ го посветија порталите и денес […]