Агнеса Органџиева е Македонка која пред неколку години ѝ стана интересна на јавноста откако нејзиниот маж Роберт Орданоски, инаку поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации, почна јавно да ја напаѓа дека е жена од интерес.
Таа успеа да „профитира“ од целото внимание кое тогаш ѝ го посветија порталите и денес има над 100.000 следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Како инфлуенсерка сега рекламира познати брендови, од костими за капење до казина, и е една од најкоментираните жени кај нас.
Органџиева сега ја покажа својата мајка на која ѝ го честита 71-от роденден, па нејзините следбеници веднаш забележаа дека одлично изгледа за годините.
„Среќен роденден, драга мамо! Ти благодарам што секогаш си тука за мене, најдобра си! Ти посакувам ден полн со љубов и радости. Наздравје за уште многу заеднички години со насмевки и забава. Те сакам до месечината и назад“, напиша Агнеса.