Мики Секуловски, македонскиот пејач кој го освои второто место во „Ѕвездите на Гранд“, не престанува да се истакнува и да ја воодушевува публиката.
Тој сношти направи незаборавна атмосфера во еден клуб изведувајќи бројни хитови кои ги воодушевија сите присутни, а денеска се пофали на социјалните мрежи и дека конечно влегол во студио за да го сними новиот материјал.
„Нешто се подготвува“, напиша тој и ги израдува обожавателите.
По „Ѕвездите на Гранд“ се’ му тргна на подобро. Неодамна, за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ призна дека се вљубил во колешка, а со која пејачка е во врска прочитајте ОВДЕ!
Да потсетиме, Секуловски кој пред една деценија се прослави во слично музичко натпреварување, одлучи да се појави во најголемото регионално шоу откако во „Гранд“ го пријавила неговата мајка.