fbpx

Пак се огласи сопругот на исчезнатата Злата од Свети Николе: Неверување и плач

Се’ уште се трага по 45-годишната Злата Јанкова од Свети Николе на која на 16-ти јуни годинава ѝ се губи секаква трага откако едно навидум сосема нормално попладне околу 15 часот од селото Орел каде со сопругот имаат викендица тргнала кон родниот град.

Нејзиниот видно вознемирен сопруг сега повторно се огласи. Дејан Јанков признава дека постојано плаче и дека синовите, од кои едниот е малолетен, го тешат во овие исклучително тешки мигови за семејството.

„Јас плачам, децата ме тешат и ми викаат да се смирам, ќе се врати мама, ми кажуваат, каде и да е, веруваме дека е жива и дека ќе се појави на вратата, дека ќе се разбудиме од овој лош сон“, раскажува тој за ,,Фокус”.

„Се јавуваме во полиција, ни викаат дека кога ќе има нешто ново во истрагата, тие ќе ни се јават и ќе ни кажат. Ја објавуваме фотографијата на Злата на социјалните мрежи.. Овде, во околината, секој камен се помести, секаде се пребара, како во земја да пропаднала возрасна жена, мајка, сопруга, посветена на фамилијата.. Никој ништо не знае, никој ништо не видел и не слушнал“, вели Дејан.

Тој открива дека пасошот и личната карта ѝ се дома и дека немало причина таа да замине било каде. Имале мирен живот, никому не должат пари и немааат непријатели, нагласува тој.

Во моментот кога исчезнала, Злата била облечена во плави тренерки, маица со бела и розова боја и сиви патики. Не носела ташна и никаков личен документ со себе. Го носела мобилниот телефон, кој ѝ бил исклучен.

Следни Објави

Се сврши познатата македонска блогерка: Прстен како од бајките

Честитки! Се сврши модната блогерка Ксенија Деспотоска. Атрактивната прилепчанка која ужива голема популарност на „Инстаграм“, со последната објава пријатно ги изненади своите речиси 33.000 следбеници. View this post on Instagram A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) Деспотоска која во 2022 година беше прогласена за најдобра македонска модна инфлуенсерка секогаш […]