Честитки!
Се сврши модната блогерка Ксенија Деспотоска.
Атрактивната прилепчанка која ужива голема популарност на „Инстаграм“, со последната објава пријатно ги изненади своите речиси 33.000 следбеници.
Деспотоска која во 2022 година беше прогласена за најдобра македонска модна инфлуенсерка секогаш се води по тоа дека парите не купуваат стил.
„Не мислам дека брендираната облека или етикетата е пресудна за добар стил. Особено кај нас кога понекогаш и не може да се дозволи таа етикета, па мора да се експериментира со тоа што го имаме и ни е достапно“, изјави таа во една прилика.