fbpx

Македонска работа! Мајка со синчето пред дуќан, еве како се создаваат трауми

Како се создаваат трауми? Се симнувам пред зграда на ладовина. Си викам ај ќе одам да купам едно ладно пиво и кикирики. Одам кон локалното гранапче. Пред дуќанот едно детенце (да имаше 4-6 години) плаче разлипано.. а до него една жена разгневено му вика: А зошто не си ја треснеш главата од земја!!!

..и тоа продолжува уште појако да липа и плаче без здив. Ја гледам жената….гневна 100-ка. Го гледам детенцето….страв милион. Ужас.

Се’ што правам, го допирам малото за рамо и го држам….со желба да посети поддршка од некој….па макар и странец.

Влегувам во шок во дуќанот.

Земам пиво и не можам да поверувам што видов.

Излегувам.

Приоѓам на жената.

Претпоставувам дека нема да слуша, ама не можам да си простам ако не пробам…ради малиот.

Седнувам блиску до нив.

Детето уште липа.

И се обраќам: Малку плаче малото а?

Ми одговара: Да,…и треба да плаче.

Сакаше без помошни, му ги тргнавме…сега сака да му ги ставиме.

Не може така.

Ја гледам….внатре си викам е оти да не може?

Велам: Зарем вас ваква ситуација не ви се десило, да се засилите па да се иплашите?

Ми одговара: Ааа не може тоа така. Не може да е кукавица.

Ох Боже.

И велам госпоѓо, ништо не е поважно за детето од поврзаноста и љубовта на мајката. Плус низ оваа ситуација детето учи за стравот како емоција.

Ме гледа бледо.

Дечко имаш ли ти деца

Јас: Да. …Две.

Се збуни. .

Мислеше дека сум само теоретичар.

Какво ти е работното време, ме прашува.

Нормално одговарам.

Ама јас работам во Мол

Знаеш ли колку е напорно?

Претпоставувам многу, одговарам.

Значи доста сте отсутни….и малку ве гледа малото а?

Брат му и сестра му го чуваат, ми вели. Се му е дозволено и затоа е ваков и со лутина гледа кон детето.

Тоа што му е дозволено се, не е негова вина, за да му се лутите.

Ама деца го чуваат одговара.

Разбирам и кажувам.

Ама тоа не е оправдание, тоа што го чуваат деца не е негова вина.

Тоа не е причина, кога се премислува и сака пак да ги врати помошните да му се дерете и да му викате дека треба да си ја треснеш главата од земја.

Ме гледа бледо и после 3-4 секунди одговара:

Не може тоа така. Ако рекол да се извадат, мора да вози без.

Ја гледам и сфаќам дека нема разбирачка.

И одговарам: Жал ми е што не се разбираме. Извинете што ви одземав време. Го погалувам малото со мноооогу љубов и поддршка, за болката низ која живее и ќе живее.

И си заминувам молкум.

Во светот живеат толку многу емоционално оштетени луѓе, кои своите трауми ги пренесуваат на своите деца….и така трае и трае …се додека не се најде јунак кој ќе направи лична промена.

За жал не се многу таквите кои сакаат да се менуваат….ама за среќа тој број ќе се зголемуваат.

Фејсбук-статус на Лазар Ѓуров

* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Денеска почнува Богородичниот пост: Ова никако не смеете да го правите

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. Богородичниот пост трае од 14 […]