Не стивнуваат реакциите во јавноста откако јутјуберот Стефан Лазаров денеска побара донации за својот близок пријател и соработник, естрадниот новинар Зоран Василевски.
Од израсток на ногата, за кој подоцна се испоставило дека е агресивен вид на канцер, до канцер на мочниот меур, популарниот Зоки Фаци се бори за живот.
Василевски е трогнат од масовната поддршка која денес ја доби од бројни граѓани, откако Лазаров го објави апелот за донации.
Вели дека по две децении естрадно новинарство денес конечно сфатил дека луѓето навистина го сакаат.
Тој за Фокус открива и за што конкретно му се неопходни средствата.
„Операцијата на мочниот меур треба да се направи што е можно побргу. Се уште размислувам дали ќе се оперирам овде, на приватна клиника, или пак на клиника во Турција, од каде добив ветувачки прогнози. Јас бев во Истанбул на испитувања, морам да го спомнам мојот пријател, моделот Христијан Богески, кој постојано беше покрај мене таму, во тие тешки моменти, кога ми беше потребна помош дури и за да одам, а тој ме придружуваше низ болничките ходници. Ќе го спомнам и сопственикот на познатата турска модна агенција ,,Даман”, Шакир Села, кој застана зад мене со целата своја поддршка“, изјави Василевски за Фокус.