Естрадниот нновинар Зоран Василевски се бори за живот. Популарниот Зоки Фаци пред два месеца почна со хемотерапиите и видно ослабна, а сега со нова потресна објава на социјалните мрежи се огласи неговиот близок соработник и другар, јутјуберот Стефан Лазаров.
Тој пишува дека изминативе неколку месеци биле навистина тешки за Зоки, но секако и за него, бидејќи неговата болка ја гледал и како своја.
„Зоки има 25cm тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира.
Затоа мои добри луѓе , ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее , да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција“, пишува Лазаров.
Тој објави слика со сметка за донации, а потребни се околу 15.000 евра.
„Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“, порача Лазаров.