fbpx

Турбулентниот живот е минато: Призна за грешките и му се врати на семејството

Популарниот македонски новинар и водител Орце Гелевски по турбулентниот период во неговиот живот, сега е максимално посветен на семејството и на внуците.

Домаќинот на многу ТВ-емисии како „Плетенка“ и „Иселенички џубокс“ конечно проговори за приватниот живот.

„Секој од нас во животот прави помали или поголеми грешки, но, во едно сум сосема сигурен-семејството е света работа и му благодарам на Бога што сум повторно со својата фамилија. Нема ништо поубаво од својата фамилија, од своите деца, од своите внуци. Го живеам можеби најубавиот период од мојот живот, опкружен со голема љубов од моите најблиски.

Од моите два сина имаме четири прекрасни внуци, кои се наше најголемо богатство. Постојано сме со нив, исполнети и ние со нивната радост, среќа, смеа, што преставува наше огромно задоволство“, раскажува тој во интервју за порталот „Гламур“.

Гелевски долги години беше во врска со познатата фолк-пејачка Ирена Спасовска. Откако се разидоа, нивната љубов уште долго време беше во фокусот на жолтиот печат.

Следни Објави

Наташа е бремена со тројки: Цела македонска естрада му честита, Горан е и среќен и збунет

Македонскиот музичар Горан Папаз на социјалните мрежи откри дека неговата сопругата Наташа е бремена со тројки. Популарниот саксафонист напиша дека според неговите сознанија шансите за природна тројка се 1 на 10.000, но дека тој и неговата избраничка која е адвокат победиле. „Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, се […]