На 17 јуни годинава почина македонската фолк-пејачка Тања Маџунков. Познатата интерпретаторка од Кавадарци која ја загуби битката со карцином имаше само 33 години.
Тажната вест тогаш на социјалните мрежи ја потврди нејзиниот сопруг, музичарот Мики Тралала, кој сега повторно се огласи во медиумите.
„Вчера му купив училишен ранец на нашето синче. Кога го стави ранецот на грб, ми рече: ‘Тато, ајде сликај ме вака, како прваче. Го фотографирав, ја објавив фотографијата на социјалните мрежи, знаев дека многу ќе се радува’. Таа не дочека да си го види синчето со ранец, како прваче, ниту пак нашето дете ќе биде испратено на првиот училишен ден од својата мајка. И верувајте, секој ден е се потешко, но морам на свои начини да го зачувам споменот на Тања, да одам по патот по кој таа би сакала да чекорам“, вели тој за „Фокус“.
Мики и Тања со децении настапуваа заедно, а беа познати и по својата хуманост. Последните години пред таа да почине настапуваа без хонорар на забави на матуранти од социјално загрозени семејства во нивното Кавадарци.